| четврток, 6 декември 2018 |

Четврта школа за црковно пеење од византиската традиција

Во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во беровското село Смојмирово, од денеска до 28 август  по четврти пат ќе се реализира Школата за црковно пеење од византиската традиција „Андон Шахпаски“.

Во чест на преродбенското дело на овој црковно – музички деец и неговите следбеници, обновената Школа за црковно пеење од византиската традиција во Смојмирово, која го носи името на нејзиниот втемелувач – Андон Шахпаски, со своите активности претставува значаен сегмент во реафирмацијата на црковното пеење од византиската традиција во Македонија.

Школата ќе почне со настап на камерниот хор „Херувими“, кој ќе изведе црковно – музички творби од византиската традиција од македонски автори и обраќање на проф. д-р Јане Коџабашија и д-р Мирјана Павловска Шулајковска за дејноста на црковно – музичките дејци Андон и Аралампие Шахпаски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top