| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Не ја сменивме одлуката за името на Македонија

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија не ја менувала одлуката што се однесува на името под кое ја признава Македонија.

По средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров Дачиќ посочи дека е неопходно двете земји да се однесуваат отворено и искрено.

Нас не боли што ја признавме Македонија под уставното име, за што ни забележа Грција, која пак не го призна Косово, додека Македонија тоа го стори, истакна Дачиќ.

Без оглед на се, ние не ја менувавме одлуката, рече Дачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top