Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе ја испитува вмешаноста на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, советникот за безбедност во неговиот кабинет Синиша Алексовски и на српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ во крвавите настани во Собранието на 27 април. Ова е новиот момент во истрагата која ја водат неколку обвинители, а кој произлезе деновиве, откако Кабинетот на Иванов влезе во јавна преписка со Живаљевиќ, обвинувајќи се меѓусебно околу присуството на странскиот разузнавач во толпата која насилно упадна во Собранието.
Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов го поздравува интересот на јавното обвинителство за случувањата во собранието на 27 април, бидејќи, велат од таму, треба да се утврдат фактите и вистината, наместо да се шират лажни вести и информации.
„Со нетрпение очекуваме одговор од обвинителството за улогата на г. Живаљевиќ во настаните во Собранието. Јавноста треба да знае кој го пратил, што превземал, со кого бил и дали имал одобрение од надлежен државен орган за влез во Собранието на критичниот ден“, велат од претседателскиот кабинет.
Од Кабинетот на претседателот на државата уште еднаш ги повторија претходно искажаните ставови дека не се надлежен орган за известување и одобрување на влез во собранието.
Српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ во средата изјави дека бил присутен во Собранието на 27 април со дозвола од Кабинетот на Иванов, поточно од советникот за безбедност на претседателот Синиша Алексовски.
Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов истата вечер во средата реагираше на изјавата на Живаљевиќ и соопшти дека македонските служби не побарале услуги од него. Како што рекоа од кабинетот на Иванов, Живаљевиќ по завршување на дејствијата и активностите во Собранието, испратил пораки до лица вработени во институциите, меѓу кои и до посочениот советник Синиша Алексовски дека бил во Собранието, но „со цел да обезбеди алиби и да ја намали одговорноста за своето постапување“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст