Маж нападнал со нож неколку војници во центарот на Брисел, по што се слушнале пукотници, јавуваат светските медиуми.
Локалните медиуми пренесуваат дека е пукано на напаѓачот. Полицијата потврдила дека осомничениот за напад со нож е ранет во пукотниците, пренесува „Раша Тудеј“.
Државното обвинителство го потврдило инцидентот, додавајќи дека напаѓачот е жив, но во критична состојба. Оттаму додаваат и дека наоаѓачот не бил познат како личност која е поврзана со тероризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.