| четврток, 6 декември 2018 |

Во Сиријa формирана нова терористичка група од над 25.000 борци, објави рускиот генреалштаб

Во Сирија е формирана нова терористичка група со бројност од над 25.000 борци. Клучна улога во новата формација, наречена Хајат Тахрир ал Шам одигра поранешниот огранок на Ал Каеда во земјата Џебхат ан Нусра, изјави денеска началникот на управата на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал­полковник Игор Коробов, јави ТАСС.

На тркалезна маса за време на форумот „Армија­2017″ во Кубинка, Московска област, Коробов истакна дека новата група вклучува над 70 единици, вклучувајќи и такви кои претходно припаѓале на умерената опозиција, пренесува БТА. Лидерите на терористите се обидуваат да ги обединат сите исламистички фракции во Сирија со клучна улога на Џебхат ан Нусра, истакна тој. Коробов вели дека новата група води активни борбени дејства против владините сили, но и против умерената опозиција, во провинциите Алепо, Дамаск, Идлиб и Хама.

Претходно тој соопшти дека групата „Исламска држава” има повеќе од 9.000 борци во Сирија, а Џебхат ан Нусра ­ над 15.000. Џихадистите од ИД се главно концентрирани во централна Сирија и во пограчните делови на Ирак во источниот дел, претежно по реката Еуфрат, прецизира Коробов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top