– Да сме на јасно. Бугарија не е втора Грција. Бугарија не води војна, да не зборувам дека е апсурдна тезата дека ние адресираме некакви внатрешни проблеми со оглед на претстојните парламентарни избори, изјави Плевнелиев во емисија на бугарската телевизија.
Тој рече дека со Владата добро ги усогласиле позициите во однос на соседната држава, а прашањето за позицијата кон Македонија било разгледано и на вчерашната средба што ја одржал со поранешните бугарски претседатели Жељу Желев, Петар Стојанов и Георги Прванов.
Според Плевнелиев, Европа во изминативе години, за жал, не секогаш ги почитуваше правилата, а и многу често проблемите не се посочуваа, не се адресираа. Токму затоа смета оти одговорната позиција на Бугарија не е сега да молчи, а во текот на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ да наложи вето, наведувајќи дека Бугарија треба да е максимално коректна и добронамерна.
Тој оцени дека Бугарија зазела една многу одговорна позиција зашто не наложила вето врз Македонија, туку напротив, вели, европските министри во Европскиот совет се обединиле околу тезата дека добрососедството е важно како и напредокот во однос на демократскиот развој на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.