Децата во градинките ќе се згрижуваат во текот на денот согласно потребите на родителите. Двосменското работење подразбира дека опфатот и згрижавањето на децата во градинките ќе биде како и досега, од 5:30 до 22 часот, како и во првата сабота во месецот, информира денеска Министерството за труд и социјална политика.
Во врска со информациите дека во одредени градинки се вршат анкети во кои родителите се анкетираат дали нивното дете ќе посетува прва или втора смена од 7 до 14:30 или од 14:30 до 21:30 часот, МТСП укажува дека наведеното работно време се однесува само на вработените во установите кои треба да ја применат Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата, министерствата и другите органи на државната управа, а не и на времето за престој на децата градинките.
– Апелираме до вработените и директорите на градинките да не ги манипулираат родителите и да не ги ограничуваат со стриктно временско згрижување на децата. Директорите се задолжени од страна на МТСП да ја спроведат Одлуката на Владата и согласно неа и потребите на родителите да го организираат работењето на установата, се вели во соопштението од МТСП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Самохраните родители со ниски примања нема да плаќаат за градинка
-
Груевски: Современ градски пазар, нови градинки, спортско-рекреативни комплекси – многу проекти за Општина Струмица
-
Теловска: Царовска излажа, нема ниту нови градинки, ниту втора смена во нив
-
Општина Кaрпош: Нема услови градинките да работат во две смени, идејата на министерството е нефункционална