Тренерот на Фенербахче Ајкут Кочаман пред реванш натпреварот најавуваше убедлива победа против Вардар и дека неговиот тим во мрежата на нашиот шампион ќе постигне онолку голови колку што ќе посакаат. Но, Вардар го докажа спротивното, славеше победа и во Истанбул, а по натпреварот Кочаман изјави:
„Вардар играше на брзина, посебно по крилните играчи. Исто така, не ја рушеа и својата „пирамида“ во средината на теренот. На стартот игравме добро, го дадовме голот, но потоа се опуштивме затоа што имавме огромна волја да го минеме ова коло на Лига Ервопа. Додека го баравме вториот гол, ние примивме погодок и затоа клучна работа е одбраната. Немам што да кажам за голот, не сакам да се повторувам и да кажувам пак. Не сакам да ми поставувате прашања“.
Вардар своите противници за групната фаза на Лига Европа ќе ги дознае по утрешната ждрепка во Нион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст