| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар над пехчевското село Негрево кој брзо се шири

Гори борова шума над пехчевското село Негрево, под врвот Буковик. Пожарот е пријавен околу 19 часот. Според информацијата од Територијалната противпожарна единица од Берово, пожарот брзо се шири поради сувата трева и ветерот, а зафатена е поголема површина на борова шума. Во гаснењето на пожарот учествуваат екипи од ЈП „Равна река“ од Пехчево, како и пожарникари од Берово.

Ова е втор пожар ова лето во пехчевско. Пред една недела изгореа неколку хектари борова шума кај месноста Ормаре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top