| четврток, 6 декември 2018 |

Гол.мк: Вардар му донесе потенцијален отказ од Фенер!

Ајкут Кочаман, тренерот на Фенербахче многу самоуверено го најави реваншот во Истанбул и изјави дека неговите фудбалери ќе постигнат колку што сакаат голови против Вардар.

Но, се случи сосема спротивното и нашиот шампион со втора победа испиша историја и обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Џагуири и Глигоров беа хероите на екипата предводена од Чедомир Јаневски, кој по само два натпревари на клупата го запиша своето име во историските книги на македонскиот фудбал.

Моментот на одлука се случи во 69. минута, кога Чагури го совлада Камени и израмни на 1-1, што предизвика очај на лицето на Ајкут Кочаман.

Извор: гол.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top