| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар му израмни на Фенербахче

Екипата на Вардар издржа едно полувреме на налетите на Фенербахче. Резултатот беше 0-0 во Истанбул, но мечот можеше да има поинаков тек, ако Тигран Барсегјан реализираше.

Ерменецот излезе пред голот на Фенербахче пред финишот на првиот дел, одлично се ослободи од чуварот и биеше по земја, но неговиот удар заврши во стативата. Стадионот „Шукру Сарачоглу“ замолкна за момент, а фудбалерите на Вардар само испуштија воздишка.

Второто полувреме започна со гол на Фенербахче во 61 минута, за веќе во 68 минута Вардарци преку голот на Јаба Џигаури да го израмнат резултатот.

Видео голот на Џигаури

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top