| четврток, 6 декември 2018 |

Четиринаесетмина исчезнати во незапаметениот одрон на земјиште во Швајцарија (ВИДЕО)

Четиринаесет лица најверојатно ги загубија животите во швајцарските Алпи во досега невиденото свлечиште од надојден кал, што го уништи селото Бондо во близина на Италијанската граница.

За осуммина Германски, Австриски и Швајцарски излетници засега не се знае каде би можеле да бидат, наведува полицијата од кантонот Грабенден. Австриското министерство за надворешни работи објави дека меѓу исчезнатите е еден брачен пар.

Швајцарските медиуми јавуваат и за исчезнати четворица Германци и двајца Швајцарци. Во несреќата им се губи трагата на уште петмина или шестмина, соопшти полицијата.

Потрагата ќе се одвива и во текот на ноќта, а воведена е и зона на забранети летови во радиус од 5 километри за да имаат полесен пристап спасувачките хеликоптери.

Несреќата се случила вчера наутро, кога голем одрон од карпи и кал се урна од планината Пизо Кангало во долината зад селото Бондо.

Количината на урнат материјал се проценува на над 4 милиони кубни метри.

Веднаш се евакуирани стотината жители на селото, како и два планинарски дома. Уништени се дванаесет куќи, а затворена е и главната сообраќајница.

Швајцарската сеизмолошка служба информира дека одронот бил толку силен што предизвикал вибрации на земјината кора исти како да имало земјотрес од 3 степени по Рихтер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top