Македонецот кој учествуваше во сообраќајната несреќа вчера во Грција, на патот од Солун кон Атина, во која загина мотоциклист на околу 40 години е пуштен е да се брани од слобода. По несреќата македонскиот државјанин беше приведен во полициска станица во Солун, а утринава беше изнесен пред истражен судија.
Како што дознаваме во возилото со кое управувал, удрило друго возило управувано од жена и нејзината ќерка. И двете се здобиле со повреди поради што биле хоспитализирани.
По ударот еден од автомобилите се накривил и влегол во друга лента по што во него се забил мотоциклистот кој починал на лице место.
Случајот го потврдија од МНР од каде рекоа дека на македонските државјани им била обезбедена потребната помош од конзуларното претставништво во Солун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


