| четврток, 6 декември 2018 |

Аврамопулос и Венизелос разговараа за Македонија

АврамопулосОдносите со Македонија и престојната рунда разговори за името под покровителство на Метју Нимиц биле една од темите на разговор меѓу грчкиот шеф на дипломатијата, Димитрис Аврамопулос и претседателот на ПАСОК, Евангелос Венизелос.

Грчкиот весник „Катимерини“, објави денеска дека Аврамопулос и Венизелос разговарале за новата иницијатива од Нимиц и за потребата да се адаптира надворешната политика на новите услови обликувани од кризата.

Венизелос по средбата изјави дека Грција треба да ја засили националната стратегија и да направи грчкото присуство повторно да се почуствува во Европската унија, Југоисточна Европа и во Медитеранот: на сите фронтови каде земјата може да има корист и да игра значајна улога.

Аврамопулус, кој разговорот со Венизелос го оцени како навистина интересен, кажа дека во моментов клучно е да се постигне договор за националните прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top