Назначувањето на заменикот на екс-јавниот обвинител Марко Зврлевски се пролонгира. Откако денеска во Советот на јавни обвинители не беше обезбеден кворум за избор на нов в.д. јавен обвинител, седницата беше прекината и презакажана за 29-август. Претседателот на Советот, Аневски потврди дека новиот обвинител ќе биде од редот на јавните обвинители во Обвинителството.
Аневски вели дека засега има осум кандидати за функцијата, но на голем дел од постојните обвинители функцијата им е во мирување. Според него во Републичко обвинителство има доволен број на кандидати, квалитетни, кои ќе можат да ја вршат таа функција
Според првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на СДСМ се брза да назначи нов јавен обвинител пред октомври, за како што вели, комотно да можат да прават незаконитости за време на локалните избори. Груевски вели дека иако се трудат да направат атмосфера дека ќе биде избран независен кандидат за оваа позиција, тоа е ќе биде класично партиско решение.
Откако на 17-ти месецов во законодавниот дом беше разрешен Марко Зврлевски, неговата функција привремено ја врши обвинителката Лилјана Спасевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст