Српската амбасада во Македонија од утре повторно ќе работи. Според српските медиуми дипломатите, кои во неделата беа повлечени на консултации во Белград, претпладнево тргнале назад кон Скопје. Дел од нив веќе стигнале, а дел ќе дојдат доцна вечерва, пишуваат медиумите во Белград. Амбасадорката, Душанка Дивјак Томиќ, во земјава ќе се вратела на 31 август, а ден подоцна ќе бара средба со премиерот Зоран Заев.
Од МНР велат дека очекуваат официјална информација за враќањето на дипломатите да добијат до крајот на денот или рано наутро.
Вработените во амбасадата се враќаат ден откако вчера Заев во телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ договориле решавање на недоразбирањата по пат на дијалог, взаемна поддршка на патот кон ЕУ, унапредување на пријателските релации и зајакнување на економската соработка.
Унапредување на добрососедските односи и соработка во областа на економијата и туризмот, денеска во Белград договориле претседателот на Србија Александар Вучиќ и македонската амбасадорка Вера Јовановска – Типко. Вучиќ ја известил амбасадорката дека српската премиерка Ана Барнабиќ од Заев ќе побара одржување на заедничка седница на двете влади до крајот на годинава во Белград.
Заев денеска на новинарско прашање кусо одговори дека нема што да додаде во однос на дипломатскиот инцидент и оти во претходните денови се било кажано.
Вработените во српското дипломатско претставништво во Скопје беа повлечени во неделата попладне. Ден подоцна шефот на српската дипломатија им порача на властите во земјава дека „Белград знае што договараа Скопје и оти тоа не им се прави на пријателите“.
Претседателот Вучиќ пак обвини дека македонските власти наложиле да се вршат разузнавачки дејствија врз високи српски дипломати и дека во тоа биле потпомогнати од „странски фактор“. Реагираше шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, кој ги негираше обвинувањата и рече дека Владата ниту имала намера, ниту пак дала наредба за вршење разузнавачки дејства против и на штета на друга земја од соседството, вклучувајќи ја и Србија.
Средбите на највисоко ниво ќе продолжат утре во Ниш. Министрите за надворешни работи на Македонија и на Србија, Димитров и Дачиќ, средбата ќе ја искористат за „решавање на отворените прашања и унапредување на пријателските односи меѓу двете држави“, најавија надлежните институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст