| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Венеција: Кој ќе викне „Алаху акбар“ ќе биде застрелан (видео)

Луиџи Бругнаро, независен политичар, кој се гордее со тоа што не е политички коректен, упати закана после неодамнешниот терористички напад во Барселона во кој загинаа 15 лица, откако терорист со комбе влета во маса луѓе во пешачка зона.

„Доколку некој трча на плоштадот Свети Марко и почне да вика ’Алаху акбар“, ќе го застреламе“ – изјави Бругнаро, наведува „Тајмс“.

Меѓутоа, неговата закана не е сфатена сериозно и стана предмет на исмејување на конференцијата на која присуствуваше.

При посетата на Римини, Бругнаро истакна дека Венеција е побезбедно место од Барселона.

„Во однос на Барселона, која немаше подготвено заштита, ние сме во состојба на приправност“ –нагласи тој во текот на панел дискусијата на тема радикализам и тероризам.

Италијанската полиција во март оваа година успешно спречи обид на терористи, припадници на косовска џихадистичка ќелија, да го разнесе мостот Ријато во Венеција.

Бругнаро потсети на тој успех со зборовите: „Во Венеција уапсивме четворица терористи кои сакаа да го разнесат мостот Ријалто, зборувајќи дека сакаат да одат кај Алах. Но ни ги испративме право кај Алах, пред да направат штета“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top