Гори нискостеблеста шума десно од Крстот на Водно во правец на Матка. Пожарот го пријавиле граѓани кои забележале густ чад над шумата. Скопската противпожарна бригада веќе е на терен.
„Набргу огнот ќе биде изгасен. Не е зафатена голема површина. Во моментот преземаме мерки пожарот да не се рашири“, кусо изјавил Ѕвонко Томевски за „Макфакс“, кој е командантот на Скопската противпожарна бригада.
Од Центарот за управување со кризи информираа дека за пожарот се известени и ЈП „Паркови и зеленило“ во чија надлежност е парк-шумата Водно.
„Екипи од „Паркови“ се излезени на терен за да утврдат за што точно се работи оти дојавата е дека имало само чад“, вели Надица В’чкова од Цетарот за управување со кризи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст