Во битолското село Могила вчера додека паселе угинаа осум молзни крави, сопственост на И.О. (53).
Вчера во 19 часот во Полициската станица Битола го И.О.(53) пријавил дека во 16.15 часот во нива-стрниште, сопственост на Т.К. , на месноста викана „Мала Река“ во атар на село Могила, при напасување умреле осум молзни крави негова сопственост.
За настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба на местото излегле ветеринарен лекар, инспектор по земјоделство и инспектор по ветерина.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Даниела не се кае што заминала во Швајцарија: Тука имам работа од која кај нас сите бегаат
-
Предвелигденски маскар: Крави во виничко нападнати од глутница волци
-
Нова стратегија на СДСМ: Веќе нема да си држат митинзи сами на себе (Фoтo)
-
Програмата „Реално“ презентирана во Могила – Цветан Трипуновски на средби со жителите