| четврток, 6 декември 2018 |

Синиша Алексовски: Не сум овластен да давам одобренија за престој во Собранието, Живаљевиќ бара алиби

Јас не сум овластено лице кое дава одобрение за престој во Собранието на Република Македонија, ниту пак на кој било друг орган на државната управа, истакнува во изјава за МИА Синиша Алексоски, советник за национална безбедност на претседателот на Република Македонија, кого српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ го посочи како лице кое му дало одбрение да биде во македонскиот Парламент за време на насилствата на 27 април годинава.

Сметам дека тоа го направил за преку мене да обезбеди алиби и да го оправда неовластеното и непрофесионално негово однесување, спротивно на законите во Република Македонија. Сакам да истакнам дека јас не ја знам причината за неговиот престој во Собранието, нагласува Алексовски во интервјуто за МИА.

Алексовски објаснува дека комуникацијата со Живаљевиќ започнала во 20.23 часот на 27 април кога добил порака со прашањето: „Вонредна состојба?“, на која не одговорил. По дестина минути добил уште една порака, овој пат со фотографија од него во собраниската сала. Алексовски му одговорил на оваа порака со прашање преку порака: „Што правиш таму?“. Оваа фотографија до сега не е објавена во јавноста, вели советникот за национална безбедност на претседателот на Република Македонија во интервјуто.

-Сметам дека тоа го направил за преку мене да обезбеди алиби и да го оправда неовластеното и непрофесионално негово однесување, спротивно на законите во Република Македонија. Сакам да истакнам дека јас не ја знам причината за неговиот престој во Собранието. Јас не сум овластено лице кое дава одобрение за престој во Собранието на Република Македонија, ниту пак на кој било друг орган на државната управа. Напротив, и јас кога одам во Собранието, тоа го правам со уредна најава и одобрение од овластено лице. И јас прашувам: кој и кога го упатил во Собранието, какви дејствија преземал и дали воопшто побарал писмена или усмена дозвола од овластено лице и надлежен државен орган?

Алексовски прецизира дека вечерта не разговарал со Живаљевиќ, освен што ги размениле наведените пораки, за што уредно го известил Кабинетот на претседателот

За пораките, се разбира, веднаш известив и поднесов извештаи согласно безбедносните протоколи. Описот на моите работни задачи е да комуницирам со дипломатскиот персонал во амбасадите, кои се надлежни за безбедносни прашања и соработка со службите, почитувајќи ги протоколите со задолжително известување кон претпоставените, вели Алексовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top