| четврток, 6 декември 2018 |

ЈСП си ја најде исчезнатата автобуска на Водно

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) ја пронајде исчезнатата автобуска постојка на Водно. Постојката се наоѓа во депото на фирмата која работи на асфалтирање на улицата Тодор Александров. Извори од ЈСП за Вечер велат дека станува збор за недоразбирање во кое вработен во ЈСП заборавил да пријави дека е известен дека ќе се отстрани автобуската, па од претпријатието помислиле да не е дело на крадци.  Автобуската постојка , велат наши извори , која се наоѓаше меѓу двете постојки Панорама и Клинички центар повторно ќе биде поставена на локацијата само неколку метри погоре или подолу. Во моментов се чека одобрение од Градот каде точно да се постави.

Од Одделението за односи со јавноство ЈСП велат дека на потегот Клинички Центар – Панорама, постојката е тргната поради градежни работи кои се одвиваат на оваа улица т.е. проширување на истата. Постојката ќе биде вратена назад кога ќе завршат работните активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top