| четврток, 6 декември 2018 |

Арсовски: Советите на Обрадовиќ ги чинат граѓаните 20.000 евра годишно

Граѓаните на Македонија го плаќаат српскиот мешетар Александар Обрадовиќ, по 20.000 евра годишно обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ и прашуваат дали токму скапите совети ќе бидат новиот бонбон-бизнис на СДС, а мета ќе биде ЕЛЕМ.

-На кој начин Александар Обрадовиќ ќе ја заработи платата од 1.700 евра бруто плата која му се исплаќа директ од џебот на граѓаните?

Со платата на Обрадовиќ од 20.000 евра може да се исплатат 50 стипендии за најдобрите студенти, или пак да се даде помош од 500 евра на 40 социјално загрозени семејства, изјави на денешната прес-конференција Димче Арсовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

 Заев крати од буџетот средства за капитални инвестиции, градинки, студентски домови, факултети и други ставки, а му дава 20.000 евра плата на мешетарот Александар Обрадовиќ. Дали на Заев поважни му се Обрадовиќ и Башановиќ отколку студентите на кои им ветуваше брда и долини, а сеуште не добиваат ништо, или пак граѓаните чија доверба ја изигра уште во првите 100 дена.

Александар Обрадовиќ на јавноста ѝ е познат како неуспешен кадар во српската влада за кој својствен е недомаќинскиот начин на работење. Обрадовиќ кој е вработен во владата, за да се вдоми во ЕЛЕМ и да почне да го спроведува планот на спрегата Заев-Обрадовиќ-Башановиќ, насилно избрка двајца советници на директорот на ЕЛЕМ од своите канцеларии.

Раскалашеноста на владата на Заев ѝ носи фатални и катастрофални последици на македонската економија. Неконтролираното трошење на пари од буџетот ќе доведе до крах во економијата, предупреди Арсовски и додаде дека неспособноста на владата на Зоран Заев веќе ја препознаа граѓаните и затоа на 15 октомври ќе ги казнат за сите грешни совети од Обрадовиќ, Башановиќ и сите останати твитер и естрадни советници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top