Седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да се назначи вршител на должноста јавен обвинител на Република Македонија, на местото на Марко Зврлевски, деенска е одложена за 29 август поради немање кворум.
Претседателот на Советот Петар Аневски, изјави дека на 29 август за в.д. шеф на Јавното обвинителство на РМ ќе биде избран обвинител од редот на постојните јавни обвинители во Обвинителството кој времено ќе ја извршува фукцијата до избор на нов јавен обвинител.
– Има кандидати, веројатно седум-осум има сега, меѓутоа на поголем дел од нив сега им мирува функцијата, бидејќи знаете Јован Илиевски е во Меѓународниот суд во Стразбур, потоа Гордана Гешковска е во ОЈО, во Советот на јавните обвинители е обвинителот Љубомир Јовевски, обвинителот Марко веќе е разрешен. Од тие постојните обвинители ќе определиме јавен обвинител кој ќе ја врши таа функција, рече Аневски.
Прашан дали за функцијата може да биде назначена обвинителката Гешковска, рече дека не може, бидејќи е во ОЈО.
– Имаме во Републичко обвинителство доволен број на кандидати, квалитетни, кои ќе можат да ја вршат таа функција, истакна Аневски.
Аневски посочи дека во моментот Зврлевски, кого Собранието на 17 овој месец го разреши од должноста, го менува обвинителката Лилјана Спасевска.
Владата на Република Македонија на завчерашната седница му предложи на Собранието да ја почне постапката за избор на нов државен јавен обвинител.
Согласно член 41 од Законот за јавно обвинителство, Собранието на Република Македонија по предлог на Владата, го огласува именувањето на јавниот обвинител на РМ во „Службен весник на Република Македонија” и во најмалку два дневни весника од кои еден од весниците што се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20 процента од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од објавување на огласот во „Службен весник”.
Советот на јавни обвинители, пак, има рок од 15 дена од денот на прием на документите да даде позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати.
Потоа постапката продолжува во Владата која на седница ги разгледува кандидатурите, вклучително и мислењето од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите за кој претходно постои позитивно мислење од Советот. Потоа одлуката оди во Собрание како Предлог решение, а истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието одлучува со просто мнозинство од 61 глас.
Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување.
На предлог на Владата, Собранието на РМ на 17 август го разреши Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст