| четврток, 6 декември 2018 |

Земјоделците и државата задоволни од откупот на тутунот

тутун

Скоро целиот тутун е откупен, преземени се 25.416 тони тутун со просечна цена од 180 денари за килограм, рече заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски. Тој денеска беше во посета на откупниот пункт во Тутунскиот комбинат во Прилеп и во селото Мажучиште.

– Ако се земат предвид и откупените количества во предвремениот рок од околу 1,5 тон по просечна цена од 165 денари може да се рече дека сме задоволни зашто имаме квалитетна реколта и ефикасен откуп – изјави Коњановски.

Од годинашниот откуп се задоволни и производителите во регионите на Струмица, Радовишко, Прилепско.

Заменик министерот изрази благодарност за соработката со Сојузот на тутунските здруженија на Македонија, со стручните кадри во Министерството и со локалните власти посебно во прилепскиот регион. Министерството, додаде, е во постојан контакт со тутунските здруженија и потсекторот за тутун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top