| четврток, 6 декември 2018 |

Сите парцели во индустриската зона во Петровец се продадени, новата фабрика ќе вработи 180 луѓе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил објави дека во моментот се гради фабрика во Петровец во која ќе се вработат 180 луѓе. Тој информира дека таму се изгради голема индустриска зона од 77 парцели во општината Петровец, сите се продадени.

– Најново е што се гради нов логистички центар со 180 вработени кој треба да биде готов до крајот на септември, односно почетокот на октомври. Тоа се нови вработувања за многу семејства од општината, напиша Груевски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top