| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе има ли одговорност за починатите бебиња?!

Заева и Јовановска

Клиниката за гинекологија и акушерство два дена молчеше за скандалот во кој што починаа три бебиња. Во јавноста немаше информација ниту од Арбен Таравари, ниту од директорката на Гинекологија Викторија Јовановска. Денеска, откако побаравме одговор од Министерството за здравство дали навистина има ваков случај на Клиника, беше испратено соопштение до медиумите дека пред два дена починале три бебиња.

Почина тројка на ГАК

Социјалдемократите додека беа во опозиција ги броеа починатите бебиња на Клиника, обвинувајќи ја тогашната директорка Марија Хаџи Лега. Сега, по две-три недели директорување на д-р Викторија Јовановска јавноста веќе знае за починати три бебиња на ГАК. Ќе бара ли сега одговорност СДСМ од министерот Таравари и директорката Јовановска, која важи за блиска пријателка на Зорица Заева?!

Јовановска, потенцијалната директорка на ГАК, за време на боледување шета во кафеани (фото)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top