Поранешниот директор на српското електростопанство, Александар Обрадовиќ, секој ден доаѓа во зградата на ЕЛЕМ каде што веќе има и сопствена канцеларија, пишува порталот А1он. За да биде сместен, исфрлени се досегашните двајца советници на директорот и преместени се во друг простор. Не е познато која е улогата и функцијата на Обрадовиќ, кој го плаќа, од кои пари и по која основа е ангажиран во најголемата државна фирма за домашно производство на струја.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција го обвини Зоран Заев дека заради свои лични долгови ги потценува македонските експерти и ангажира лица од странство со сомнителен кредибилитет и минато. ајголемата трагедија е што им дава на располагање огромен државен капитал, а ќе бидат скапо платени од парите на граѓаните, иако никој не знае за што точно ќе бидат платени.
–Која е функцијата на Александар Обрадовиќ во ЕЛЕМ? На која позиција е именуван и што треба да сработи тој во својата функција? Која е целта што му е поставена за да се мери неговата успешност како вработен? Дали ниту еден стручњак од Македонија не може да го сработи истото тоа, што ќе го сработи Александар Обрадовиќ? Дали со доаѓањето на човек како Обрадовиќ ќе започне да се спроведува уште една бонбона бизнис со приватизација на една капитална компанија како што е ЕЛЕМ, праша Димче Арсоски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Кога имаше најава дека Обрадовиќ ќе биде новиот директор на ЕЛЕМ, Владата започна постапка за доделување македонско државјанство на поранешниот директор на српското електростопанство, а тогаш информацијата ја потврди потпреседателот на Владата, Кочо Анѓушев, кој рече дека прашањето било разгледувано на владина седница.
За Обрадовиќ се врзуваат многу афери, што беше причина за острите реакции при спомнување на можноста тој да биде новиот директор на ЕЛЕМ. За него се пишуваше дека како директор на српското електроспанство со милионски евра исплаќал советници, делел државни тендери на фирма во која претходно бил вработен и делел откази на вработени во пиар-службата кога бил спомнат во негативна конотација во српските медиум. Тогашниот премиер Александар Вучиќ го смени, според пишувањето на српските медиуми, поради малверзации во јавното претпријатие и непочитување на владината одлука за штедење.
Опозицијата при спомнувањето на можноста дека Обрадовиќ е во најтесниот круг за избор на директор уште веднаш обвини дека власта преку него сака да испумпа пари од најбогатата компанија во државава во приватни џепови, а подобар за тоа, според нив, нема од ексдиректорот на српското електростопанство.
–ВМΡО-ДПМНЕ предупредува деκа ваκвата лоша κадровсκа политиκа на Заев нема да го унапреди сеκторот за енергетиκа, туκу ќе доведе ситуација во κоја единствен излез ќе биде приватизацијата или вториот бонбона бизнис на Социјалдемократскиот сојуз, потсети уште еднаш Арсоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.