| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се подготвува Национална стратегија за соработка со дијаспората

Владата на Република Македонија на последната седница едногласно ја прифатила Информацијата за потребата од изготвување Национална стратегија за соработка со дијаспората (2018-2023).
Како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, Владата задолжила повеќе министерства и државните органи во рок од 10 дена до Кабинетот на министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, да достават номинации за член и заменик-член за Работната група за изготвување Национална стратегија за соработка со дијаспората.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top