Повеќе од 20 мигранти денеска се повредени во масовна тепачка што избувнала меѓу Авганистанците и Африканците во близина на француското пристаниште Кале, објавија локалните власти.
Тепачката, во која биле вклучени околу 200 луѓе, започнала во понеделникот вечер и продолжила денеска попладне, при што некои мигранти биле вооружени со метални шипки и стапови.
Локалните власти во Кале објавија дека се повредени вкупно 20 лица, претежно во текот на ноќта, додека канцеларијата на локалниот обвинител рече дека пет лица се уапсени. Тепачката избувнала по кавгата што ја предизвикал еден мигрант во алкохолизирана состојба додека локална добротворна организација дистрибуирала бесплатно храна за мигрантите.
Кале е „магнет” за мигранти кои сакаат да пристигнат во Британија, која се наоѓа недалеку од ова пристаниште.
извор:Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.