| четврток, 6 декември 2018 |

Што е најсекси кај секој хороскопски знак? Непредвидливоста на Ракот, шармот на Лавот…

Што е она што ве прави сексапилни според хороскопскиот знак, а не е дел од телото, туку од вашата личност и карактер. Пронајдете се:

Овен: Нивните страсти
Вашата волја и страст за работите кои ги правите е она што ве прави привлечни и сексапилни. Кога нешто навистина сакате, не постои сила која ќе ви ја промени желбата и тоа ги привлекува луѓето. Верувате во добри работи и среќни краеви. Тој ваш позитивен став е магнет за луѓето, бидејќи немате проблем со прифаќање и на најексцентричните идеи. Луѓето сакаат да се во ваша близина бидејќи ги полните со позитивна енергија.

Бик: Нивниот успех
Вашите достигнувања се секогаш импресивни. Сонувате и фантазирате, но доброто е што ги исполнувате тие сонови и фантазии и тоа ве прави привлечни. Верувате дека можете да го допрете небото и упорни сте во тоа. Честопати го препишувате успехот на повеќе луѓе со кои сте работеле и тоа создава позитивна слика за вас. Атрактивни сте заради посветеноста на она што го правите.

Близнаци: Нивната мудрост
Буквално на сите сте им потпора и советник, па емпатијата ве прави одлично друштво. Одлични сте во комуникацијата, вешти сте и мудри и што е најдобро, делувате сосема природно во тоа. Свесни сте дека тоа ве издвојува од толпата на камени срца. Знаете како и кога да го занемарите егото, поради што сте извонредно сексапилни во туѓите очи.

Рак: Нивната непредвидливост
Вашите ненадејни изливи на љубов, лутина, авантура или страст се она што ве прави возбудливи за околината. Може да се појавите на нечија врата во 2 часот по полноќ, само затоа што сте сакале да ги видите. Тоа спонтано освојува срца. Луѓето сакаат љубезни и искрени луѓе какви што сте. Продолжете да правите позитивни работи и да ги засмејувате луѓето во ваша околина, тоа е квалитетот кој ве прави посакувани.

Лав: Нивниот шарм
Нежни зборови, зачинети со флерт и комплименти, е она што може да ги натера луѓето во ваша близина да поцрвенат. Одлично ги пакувате зборовите, колку и да сакате да кажете едноставна работа. Точно знаете што, кога и како да направите. Вашата самодоверба е она што прави луѓето да ве посакуваат уште посилно.

Девица: Нивната интелигенција
Вашиот мозок ги освојува туѓите срца. Полни сте со знаење, информации и тоа што сте подготвени на интелигентни дискусии во секое време ве прави сексапилни. Интелигенцијата ви помага да развиете шесто сетило и однапред да знаете што другите мислат и чувствуваат. Тоа и ви помага при освојувањето.

Вага: Нивната емотивност
Вашата емотивност е клучниот момент кој ги тера луѓето да ви се отворат и доверат. Вниманието кое им го пружате на луѓето е она што ги привлекува кај вас. Зборовите ви се нежни, дури и кога не сакате да импресионирате некого. Едноставно создадени сте да привлекувате со позитивната аура со која живеете.

Скорпија: Нивните темни мистерии
Вие сте таа личност која никогаш нема да открие што и како сака. Баш како во акционите филмови, никој не може да го процени вашиот карактер точно и прецизно. Но, оваа природна мистериозност е она што ги тера луѓето да ви се доближат и запознаат подобро. Исто така, мистериозноста е добра бидејќи значи дека сте полни со изненадувања. А, кој не сака изненадувања?

Стрелец: Нивната љубезност
Љубезноста е ретка карактеристика денес, па токму тоа е она што ги привлекува луѓето кај вас, бидејќи ве сметаат за ендемски вид на човек. Сите кои ќе се заљубат во вас велат дека сте им го промениле животот, иако тоа го правите несвесно. Инстантно добивате почит од сите познаници. Верувате во среќно до крајот на животот и таа ваша верба ве прави сексапилни.

Јарец: Нивната тишина
Верувале или не, вашата тишина и молчеливост ги привлекува луѓето да се трудат да извлечат нешто од вас. Кога еднаш ќе решите да зборувате, сите внимателно ќе ве слушаат, бидејќи вашите говори се многу ретки. Сакате да бидете потпора за блиските, а не да ги оптоварувате со ваши проблеми. Тоа е тоа што ве прави привлечни како човек.

Водолија: Нивните навики
Екстремната самодоверба е прва на листата. Луѓето обожаваат кога ќе видат дека го почитувате она што го имате и верувате дека сте го заслужиле. Самото тоа што велите дека не би одбрале да живеете поинаку од она што живеете сега, е магнетот за спротивниот пол. Сите сакаат луѓе кои се задоволни од животот и од себе, а вие сте токму такви.

Риби: Нивната флексибилност
Способноста да се прилагодувате е она што луѓето го обожаваат кај вас. Никогаш не глумите недостижни или премногу зафатени и сте им на располагање на саканите, а токму тоа е реткост денес. Нема човек кој не се чувствува удобно во ваша близина, па затоа немате потешкотии при зближувањето.

 

извор:македонијаинфо.ком

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top