Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на прес-конференција пред медиумите посочи дека Македонија не презела никакви дејствија и мерки за да ја шпионира Србија.
„Доколку постојат недоразбирања, треба да се решаваат со дијалог“, рече Димитров на прес-конференцијата. „Во неделата, кога ја добив нотата од Србија, му се јавив на Дачиќ, но не успеав да го добијам. Телефонски побарав разговор и вчера“, рече Димитров пред новинарите. „Најверојатно, утре ќе разговараме со колегата Дачиќ“, рече Димитров. Дополни дека Владата ги поздравува намерите на Белград за враќање на состојбите во вообичаените рамки. Преку Амбасадата во Белград, Македонија побарала објаснување за настанот.
Единствената офанзива на Македонија е во ширење контакти на Балканот, а во таа насока е и договорот за добрососедство со Бугарија, заедничка седница со Владата на Албанија и посетата на Грција, рече Димитров.
Бевме изненадени од дипломатската нота на Србија, но сè уште не сме оствариле официјална директна комуникација за да разговараме за ова прашање.
извор Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.