Владата со стратегијата за бегалци 2017-2027 предвидува долгорочно станбено решение за бегалците кои ќе ги населат во Република Македонија, односно изградба на станови за нив. Бегалците ќе го имаат на располагање целиот образовен систем, ќе бидат целосно израмнети со македонските граѓани во секој поглед. Владата предвидела бегалците да стигнуваат до македонско државјанство на полесен начин, да им се обозможи работа, а со тоа директно ќе загубат Македонците, бидејќи нивните работни места ќе им бидат препуштени на дојдеците, предупредува „Аеродром во моето срце“.
„Ќе треба целосно да ги интегрираме, и да им изградиме станови, во услови кога многу семејства во Република Македонија немаат свој сопствен дом, државата ќе гради домови за бегалци. Па зарем не е ова срамота!?“, пишува во последната објава на „Аеродром во моето срце“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.