Најчесто има два начини за одвикнување од цигари: одеднаш или постепено „одвикнување“. Едно истражување сега вели дека најдобар метод е одеднаш да ги откажете цигарите.
Никола Линдсон Хол од Универзитетот Оксфорд изјавила: „Многу луѓе мислат дека вообичаен начин за одвикнување од цигари е постепено да се намалува пушењето, а потоа целосно да престанат.“ Меѓутоа, резултатите го покажуваат сосема спротивното. Најдобриот начин сепак е наглото престанување.
Линдсон-Холи и нејзините колеги спровеле истражување на 700 луѓе во Англија кои пушеле по најмалку 15 цигари дневно, а планирале да се откажат. Сите одлучиле да престанат да пушат во рок од две недели. На половина од нив им е кажано да пушат нормално односно во вообичаените количини додека дојде времето за откажување. На другата половина им е укажано постепено да ја намалуваат количината на испушени цигари. И двете групи добиле совети за однесувањето, никотинските фластери и терапи за замена на никотин со производи како што се мастики, спрејови и слично.
Тие го мереле успехот со тоа што ги набљудувале луѓето по 4 недели од рокот за престанување, а потоа истото го повториле и по шест месеци. Тие кои одеднаш престанале да пушат се придржувале до апстиненцијата од цигари – околу 25% повеќе од оние кои постепено се откажувале. По шест месеци, 22% од групата која одеднаш ги откажала цигарите се уште се придржувале до апстиненцијата од цигари, за разлика од 15% од групата која постепено се откажувала.
Интересно е тоа што повеќето луѓе велеле дека сакаат полека да ги откажуваат цигарите, а не одеднаш. Линдсон-Холи вели: „Дури и кога сакаа постепено да престанат со пушење, имаа поголема веројатност дека навистина ќе се откажат ако одеднаш ги откажат цигарите.“ Истражувањето не ги вклучило останатите облици на откажување, вклучувајќи ги и електронските цигари кои наводно се ефикасна алатка за откажување. Иако наглото откажување е подобра опција, сепак и постепеното откажување не е толку лош избор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.