| четврток, 6 декември 2018 |

„Братот ни заби нож во грб“: Насловните страници полни, Заев ги прислушувал и следел српските дипломати (Фото)

„Заев, ни заби нож во грб“, „Заев и објави војна на Србија“, „Македонските служби следеле и заплашувале српски дипломати“, „СКАНДАЛ: Македонците го прислушувале дури и Вучиќ“. Ова се само дел од насловите на српските медиуми, кои  обвинуваат дека Заев ги прислушкувал нивните дипломати.

И додека Вучиќ, Дачиќ и Брнабиќ мора поради својата должност да бидат одмерени и дипломати пред камери, медиумите во Србија недвосмислено и во еден глас ја кажуваат пораката на српскиот државен врв: „Заев, ни заби нож во грб“.

Дека акцијата на Србија е одлично изведена докажува и реакцијата на македонската влада која неподготвена за откривање на прислушувањето на српските дипломати и институции, очигледно немала ни план за одбрана во случај да излезе на виделина сиот овој огромен скандал кој има потенцијал да ги урне како кула од карти сите митови на Заев.

Во ситуација кога една соседна држава прави дипломатски гест на рангот на објавување војна и ја обвинува македонската влада за соучество во прислушување на соседна Земја, одговорот на прес-службата на владата е:

„Република Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји. Во врска со конкретниот случај, не носејќи избрзани заклучоци, ги поздравуваме најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top