| четврток, 6 декември 2018 |

Црвена звезда е во трка за шампионската титула во Србија

Црвена Звезда му покажа на Партизан дека нема лесно да можат да ги победат и победија на гости со 81-74

звезда партизан

Партизан се надеваше на лесна титула вечерва, со трета победа по ред и 12 титула во Србија, но не излезе ништо според очекувањата.

Кон средината на третиот период Партизан, кој беше домаќин во „Пионир“, поведе со најголемата разлика на мечот, 68-58, а оттогаш тргна „црвено-белиот“ ураган. Актуелниот шампион до крајот постигна само 6 поени, а прими дури 23, што беше доволно за пресврт на Црвена звезда и прва победа во финалната серија.

За освојување на шампионската круна во Србија се потребни три победи во финалето, а Партизан, сепак, е поблиску до нова 12. по ред титула бидејќи има предност од 2-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top