| четврток, 6 декември 2018 |

Битолско културно лето: Мирјана Стојановска и Мери Кавкалеска-Стоилкова настапија во „Магаза“

Во „Магаза“ во Битола, синоќа се одржа поетско –музичка вечер на која со избор поезија се претстави Мирјана Стојановска во пијанино придружба на Мери Кафкалеска-Стоилкова. Поетско-музичката вечер е дел од програмата на Битолско културно лето.

Мирјана Стојановска е член е на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на клубот на писателки „Даница Ручигај“ при ДПМ. Автор е на книгите поезија: „Хроносот на зборот“, „Двобој со тишината“, „Заѕидана врата“, „Крст, триаглник и круг“, „Оксиморонот на мојата пеперутка“, „Џез во двокреветна соба“ и „Бегалци од својот дом“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top