| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува ликовната колонија на Музејот на градот Скопје

Меѓународната ликовна колонија, во организација на Музејот на градот Скопје, хотелот „Солун“ и градот Скопје, денеска го почнува своето дванаесетто издание, а  ќе трае до 31 август. Оваа година во работата на ликовната колонија ќе учествуваат десет академски ликовни уметници, припадници на различни генерации и творечки определби, кои живеат и создаваат во различни средини. Меѓу нив, пет автори се домашни: Мирослава Микица Трујкановиќ, Христина Зафировска, Марија Марковска, Бурим Укиќ и Часлав Марковиќ, а пет автори се гости од странство: Лиза Волфел од Германија, Хилал Балчи од Турција, Камал Абухалавaх од Јордан, Мирослав Живковиќ од Србија и Адел  Мустафа  од Египет.

– Со оглед на тоа што централното градско јадро е пешачка зона, целта ни е на учесниците на колонијата да им ја предочиме богатата разноликост од архитектура, културна историја и традиција. Во близината се наоѓа и Старата скопска чаршија, која е доста интересна по својата архитектура и старите занаети и претставува една од најголемите ориентални чаршии на Балканот – велат организаторите на колонијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top