Шпанската полиција денеска убила маж кој бил опремен со појас со експлозив, а неименуван извор бизок до истрагата наведе дека, веројатно станува збор Јунес Абујакуб, кој е осомничен за извршување на минатонеделниот напад во Барселона.
– Го гаѓаа и го усмртија осомничениот, кој можеби е извршителот на нападот, објасни изворот.
Каталонската полиција потврди дека денеска во Субиратс е убиен маж кој носел на себе нешто што личело на појас со експлозив.
На местото, каде е застрелан мажот во Субиратс, е повикана екипа за деактивирање на експлозиви.
Претходно денеска, шпанските медиуми јавија дека во Шпанија се случил нов инцидент – во градот Субиратс, што се наоѓа на 45 километри западно од Барселона, и дека полициската операција е во тек.
Американските медиуми, повикувајќи се на извори од шпанската полиција, јавија дека во инцидентот во Субиратс е повредено едно лице.
Претходно, шпанскиот весник „Вангардија“ наведе дека Јунес Абујакуб (22) е уапсен во градот Сант Садурни д’Аноиа.
Утрово, министерот за внатрешни работи на Шпанија Хаким Форм, на прашањето дали Абујакуб е возачот на комбето што влета меѓу луѓето на шеталиштето во Барселона, одговори дека „не укажува на тоа“.
Тој додаде дека во текот на ноќта каталонската полиција спровела повеќе рации во каталонскиот град Рипол, каде живат поголемиот дел од осомничените.
Во нападот што се случи во четвортокот на шеталиштетот „Ла Рамблас“ во Барселона и летувалиштето „Камбрилс“ се убиени 15 лица, а повредени се повеќе од 120 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.