За неполни два часа Граѓанската иницијатива „Будење“ Гази Баба денеска собра повеќе од 400 потписи за за одржување локален референдум заради Националната стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027.
-Граѓанската иницијатива „Будење“ Гази Баба се спротивставува на идејата за населување на мигранти во нашата општина. Целта на Граѓанската инцијатива е да ја спречиме одлуката на Владата за доселување мигранти, после што, ништо нема да биде исто, велат од иницијативата.
Оттаму посочуваат дека со населување на мигранти во Република Македонија ќе се зголемат трошоците на државата за домување на овие луѓе, ќе се зголеми стапката на криминал и ќе се смени структурата на населението.
-Затоа иницираме до Советот на општината распишување на референдум по однос на ова прашање. Ќе собираме потписи против овозможување услови за населување на мигрантите, истакнуваат од Иницијативата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст