| четврток, 6 декември 2018 |

Србија нека негодува колку сака, Заев и понатаму ќе игра на странски ноти

Република Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји, пишува  во соопштението Владата на РМ, по повлекувањето на итни консултации во Белград на целиот пероснал од Амбасадата на Србија во Скопје.

Додаваат дека кога постојат отворени сензитивни прашања помеѓу два наши соседи, Владата на Република Македонија секогаш ги следи интересите на државата базирани врз принципите на добрососедство и унапредување на регионалната соработка, неутралност и немешање во споровите меѓу државите.

„Во однос на гласањето за членство на Косово во УНЕСКО, Владата на РМ ќе ги има во предвид позициите на мнозинството земји-членки на Европската унија“ – стои во соопштението од Владата.

Сите вработени од српската амбасада во Скопје синоќа се повикани на итни консултации во Белград.

Се очекува соопштение и од српското МНР за најновиот потег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top