| четврток, 6 декември 2018 |

Кому му одговара Србија да биде виновна за 27 април?!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека српските власти востановиле и докажале дека се извршени разузнавачки дејствија против Србија и дека вработените во српската Амбасада во Македонија се затоа повлечени.

– Нашите институции ни обезбедија докази и информации за разузнавачки операции против институциите на Србија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ пред новинарите.

Тој рече дека за ваквата одлука има неколку причини, но дека институциите им обезбедиле докази за такви активности.
Како што рече, без оглед на тоа, Србија ќе продолжи да ги негува пријателските односи со Македонија.

Тој истакна дека на Србија останува „нашите луѓе да бидат спремни и да го чуваат пријателството меѓу Македонците и Србите , но, исто така, дека знаат како да делуваат во новото  окружување за кое не биле свесни до пред неколку месеци.“

Ние ќе чекаме да видиме што ќе кажат Албанците за Косово во УНЕСКО и ќе чекаме да видиме како Скопје ќе одговори на тоа. Наше е да се подготвиме себеси и да можеме да одговориме. Да ги заштитиме нашите акции од влијанието на надворешните фактори и дејства – рече Вучиќ.

На прашањето дали „надворешната сила“ е Русија, Вучиќ изјави дека не помислил на тоа додека зборувал.

„Спутник“: Македонија го предлага влезот на Косово во УНЕСКО

Сепак, агенцијата „Макфакс“ и „Спутник“, објавија дека Владата на Република Македонија има изготвено предлог за поддршка на членството на Косово во УНЕСКО и тоа е една од причините зошто Министерството за надворешни работи на Србија ја повлече персоналот на амбасадата во Скопје Итни консултации во Белград.

Кому му одговара Србија да биде виновна за 27 април?!

Разузнавачките структури во Македонија по 27 април, ги дадоа своите максимални напори да се оцрни агентот на БИА Горан Живаљевиќ како наводен учесник во црниот четврток, а потоа и лидерот на ДПСМ и пратеник Иван Стоиљковиќ, објавуваќи стенограми од нивна комуникација со многу луѓе. Целта беше тие да бидат обвинети за поттикнување и спроведување на нередите во Собранието, со цел да биде обвинета и Србија за мешање во внатрешните работи на Македонија.

Од десетици разузнавачи и странски агенти кои на 27 април беа во и околу Собранието, некому му одговараше да ја обвини токму Србија.

Како и зошто, ќе покаже времето, веројатно за 7-10 дена ситуацијата ќе биде појасна.

Извор: Старт.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top