Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, на прашање од весникот „Вечерње новости“ за тоа што мисли за идејата за поделба на српско и албанско Косово, одговори исто со прашање – „зошто да се разграничуваме со Албанците на своја територија?”
Сѐ е наше, што да делиме со нив!? Може ние да им дадеме половина Косово, а тие нам – половина Албанија, изјави тој.
Според него, српскиот претседател Александар Вучиќ е притиснат да ја прифати независноста на Косово колку што е можно побргу, зашто, како што вели, „нормализирањето на односите” всушност значи признавање на независно Косово.
– Вучиќ не е должен да каже „признавам“, тој може да го направи тоа фактички. Доволно е Косово да влезе во Обединетите Нации. Србија во никој случај не сме да се согласи со тоа, образложи Шешељ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


