Вчера околу 18:50 часот на автопатот А-1, Велес – Скопје, поточно на 250 метри пред зимскиот пункт на „Македонија пат“, се случила сообраќајна несреќа во која што автобус марка „неоплан“ со скопски регистарски ознаки сопственост на „Бус травел“ Скопје, а управуван од возачот А.Н. (48) од Скопје, излетал надвор од коловозот и слетал во провалија, информира МВР.
Во несреќата со повреди се здобиле возачот, кој, според изори од клиника, се наоѓа во критична состојба, и сите 27 патници, кои со возила на итната медицинска помош се пренесени во болници во Велес и во Скопје. Како последица од здобиените повреди лицето Н.П. (68) од Скопје починало на КАРИЛ.
Увид на лице место изврши Јавен обвинител од ОЈО Велес во содејство со увидна екипа од СВР Велес.
На самото место излезе и екипа на Територијална противпожарна единица Велес. Сообраќајот на таа делница од патот се одвиваше отежнато по една коловозна лента.
МВР информира дека увидот ќе продолжи и во текот на денешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст