Познатиот американски актер, комичар и режисер Џери Луис почина синоќа, на 91 година, во својот дом во Лас Вегас, опкружен од неговите блиски, соопшти семејството.
Луис ја започна својата кариера со хумористични скечеви, изведувајќи ги во клубови, радио и на телевизија. Стана популарен во 40-тите години од минатиот век, благодарение на „дуетот“ со Дин Мартин, со кого се раздели во 1956 година, по десет години заедничка работа.
Учествуваше во филмовите „Аризона дрим“, 1993 на Емир Кустурица и во „Кралот на комедијата” на Мартин Скорсезе. Во 1960 година го направи своето режисерско деби со „The Bellboy“, a tри години подоцна стана ѕвезда со најпопуларниот филм (на кој е исто така режисер и сценарист) – „Налудничавиот професор“.
Има освоено бројни награди, меѓу кои и Оскар. Има две ѕвезди на Холивудската патека на славните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст