Почина жената што прва е примена во Ургентен центар на скопските клиники во тешка шокова состојба, а која беше повреден во автобуската несреќа што вечерва околу 19 часот се случи кај велешката патарина, објави порталот СДК.мк.
Д-р Илир Хасани, управител на Ургентниот центар на скопските клиники, вели дека според последните информации со кои располага, во Ургентниот центар се донесени 14 пациенти од сообраќајната несреќа, меѓу кои и деветгодишно дете, во тешка здравствена состојба.
“Детето е препратено на Клиниката за детска хирургија. Двајца пациенти беа примени на одделот за Интензивна нега, за жал еден од нив подлегна на повредите. Тоа е жената која прва беше донесена, со повреди на натколеница, потколеница и подлактица и со повреди на белиоте дробови. Вториот пациент исто така е во критична состојба, со сериозни повреди на градниот кош, нагмечување на ребрата, клучна коска, и крварење во белите дробови“, вели д-р Хасани за порталот.
Шестмина од повредените се препратени на Клиниката за ортопедски болести за понатамошно следење на состојбата, а петмина се задржани во Ургентниот центар каде дополнително се прават испитувања за да се утврди дали ќе бидат препратени на останатите клиники или ќе бидат пуштени на домашно лекување.
Од Министерство за здравство велат дека на повреденото дете му е ампутирана раката поради сериозноста на повредите, а останатите пациенти се во релативно стабилна состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст