| четврток, 6 декември 2018 |

Неговото лице кажува се: Насри потпиша за Анталијаспор

Искусниот француски фудбалер Самир Насри во новата сезона ќе настапува во Турција во тимот на Анталијаспор. Денес турскиот клуб го претстави своето звучно засилување кој во нивниот тим се сели од Манчестер Сити.

На голем број на фудбалски фанови на социјалните мрежи во очи им падна изразот на лицето на Насри за неговата презентација, за кој коментирааа дека „изгледа како да не сака да е таму„, и дека „неговото лице кажува се“.

Инаку Насри премина во Манчестер сити во 2011 година како големо засилување по одличните игри во дресот на Арсенал. Иако добро ја почна авантурата во дресот на „граѓаните“, неговата минутажа од година во година се намалуваше, за Пеп Гвардиола да го стави меѓу првите на листата на играчи на кои нема да смета. Токму затоа Насри ја мина ланската сезона на позајмица во Севилја, за летово двете страни да инсистираат да дојде до перманентен трансфер, а не нова позајмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top