Со убедлива предност од 52 гласа Мишко Иванов од Тв 24 Вести е победник во анкетата во која читателите на „Република“ бираа најзгоден новинар над 115 килограми.
Тазе женетиот Штипјанец по потекло победи со 28 % од гласовите.
На второ место со 24 % од гласовите се пласираше уредникот и презентер на вестите на Сител Валентин Николовски а на трето место со 11 % од гласовите е Горан Момироски уредник во Канал 5 и колумнист на „Република“.
На четврто место со точно 10 гласа или 8 % е уредникот и водител на вестите на Телма и колумнист во Балкон 3 , Дарко Чекеровски.
На петто место уште еден Горан Момироски , уредник во порталот Охрид Њуз и дописник на Телма а на шесто место е новинарот и уредник во Сител Марјанчо Николовски.
На листата се уште и Наум Стоилковски од Република и спортските новинари Перо Момировски од Алфа ТВ,, Игор Крстевски од Мкд. мк и Горан Антевски од Дневник кои очигледно се омилени меѓу женската популација при што не се исклучува дека за сите кандидати гласале и симпатизери од истиот пол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.