
Родителите на децата со посебни потреби организирани во здружението „Сплотени срце“ побараат поголема ажурност од институциите кои веќе ги знаат нивните проблеми.
Велат дека оствариле средби со претставници на министерствата, но ќе протестираат до конечно решавање на проблемите..
Тие пет месеци една недела во месецот кампуваат во паркот „Жена -борец“ со намера да ги потсетат институциите дека имаат нерешен проблем. Бараат персонални асистенти за децата со посебни потреби, прилагодување на спортските сали, како и стратегија што ќе се случува со децата со посебни потреби , по смртта на родителите.
Од иницијативата велат дека веќе имале средби со дел од ресорните министерства, но сметаат дека тоа не е доволно,затоа најавуваат дека ќе протестираат пред трите министерства кои треба да се позанимаваат со нивното прашање – Министерството за образование, труд и социјална политика и Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


