На граничниот премин „Деве Баир“, вчера во 16 часот за влез во Република Македонија се пријавил В.Г.В. (48) од Република Бугарија, кој управувал патничко возило „Мерцедес 270 ЦДИ“ со бугарска национална ознака. При контрола на сообраќајната дозвола и на носителите на идентитетот на возилото (ВИН бројот, типската налепница и дополнителнителните налепници кои се наоѓаат во возилото од кои може да се идентификува), било констатирано дека тие не се совпаѓаат со оригиналните. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, В.Г.В. бил лишен од слобода, а патничкото возило било одземено. Лицето и возилото се предадени на полициски службеници од полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


