
Пред два дена, на 18 август, полицијата добила оперативни сознанија дека иститот ден во вечерните часови за време на одржување на семејна веселба во објект во населбата Шуто Оризари во Скопје се слушнале истрели од огнено оружје.
Од проверките направени на пријавеното место не се пронајдени чаури од огнено оружје ниту повредени лица. Дополнително полицијата направи проверки и на здравствените установи на територија на град Скопје каде не се пријавени лица за укажување на медицинска помош.
Сепак, имајќи ги предвид сознанијата со кои се располага направени се дополнителни проверки и утврден е идентитетот на едно лице кое е повикано во полициска станица да даде исказ. Лицето изјави дека во текот на веселбата на која бил гостин слушнал истрели од огнено оружје, по што се здобил со мала повреда, заради што и не побарал медицнска помош.
Министерството за внатрешни работи продолжува со дејствија за откривање на идентитетот на сторителот во интерес на покренување на соодветна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


